(ВИДЕО) Брутално е претепано момче во атинското предградие Неа Филаделфија

Од:

Грчките медиуми објавија видео од бруталното претепување на 16-годишно момче во атинското предградие Неа Филаделфија. Го претепале пет малолетници, го удирале со клоци во главата и со тупаници, изјавиле родителите на момчето.

По нападот, тинејџерот бил пренесен во болница на прегледи.

Во меѓувреме, полицијата уапсила петмина насилници, меѓу кои двајца 16-годишни тинејџери, двајца 17-годишници и еден 19-годишник.

Родителите на жртвата бараат примерна казна за уапсените.

Тепачката наводно ја предизвикала девојка која разговарала со нападнатиот тинејџер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Грчки граничар е ранет во престрелка во близина на грчко-турската граница

Големо невреме во Грција, громови предизвикаа нови пожари

Горан Наумовски

Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Горан Наумовски

Грција донесе итни мерки поради екстремните температури