(ВИДЕО) Постар маж во Велес со стап брутално го претепа своето куче

Од:

Постар маж од Велес е снимен како со голем стап брутално го тепа своето куче, а видеото ги разбесне велешани и активистите кои се борат за заштита на животните.

Видеото го објави координаторката на Здружението за заштитна на животните Велес, Маги Ѓорѓиева Ѓаков, а подоцна во коментари објасни дека случајот пријавен, човекот е идентификуван и знае дека е снимен, односно девојка се обидела да го одзеде кучето, но тој одбил да и го предаде.

Активистите веднаш добиле понуди за сместување во МАкедонија и една понуда за вдомување во Германија, но тоа ќе се решава откако ќе му биде одземено кучето.

„ Дали беше некој да го земе – ДА , една девојка сама , која се сретна со лицето од видеото кој одби да го даде кучето. Дали имаме име и адреса – Да и спремаме пријава. Зошто не објавиме јавно име и презиме – затоа што освен поголеми проблеми друго ништо нема да направи за кучето. Дали мислам дека треба со стап да се тепа типот ? Не. Мислам дека треба сите да испаднеме од камено доба и да бараме строги закони. Во спротивно нема да ни стигнат стапови и шипки за сите психопати кои малтретираат животни во државава . Затоа нареден пат кога ќе видите протест за бездомните животни — излезете на улица. Кучето нема да остане кај него. До сега има понуда за сместување во Македонија и понуда за дом во Германија. Кучето не е во опасниот бидејќи лицето знае дека го гледаат и нема да се осуди да му наштети повторно“ , објавија активистите.

Оние граѓани кои коментираат на социјалните мрежи, коментираат дека се работи за извесен пензионер кој работел во Македонски Железници.

Би можело да ве интересира

Подобрa e состојбата на бебето најдено во центарот на Велес

A1on

Трет каснат од змија во Велешко за 10 дена

Полициски кучиња нашле дрога и оружје во Велес – уапсени тројца дилери

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Четворица меѓу кои и седумгодишно дете залутале на опасен терен меѓу Кожле и Велес, во тек е спасувачка акција

Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес, осум дена притвор за осомничениот

Предраг Петровиќ