Тажната вест која го обиколи светот на кошарката, дека Милтон Паласио загинал откако го прегазила кола во Торонто, се покажа дека е лажна.
Иако имаше информација од канадскиот конзулат дека жртвата на сообраќајната несреќа е идентификувана како Милт Паласио, кој е поранешен НБА кошаркар, сепак стигна демант од координаторката за односи со јавност на Бруклин нетс, Меган Волш.
Таа рече дека се слушнала со Паласио кој е помошник тренер во тимот на Лонг Ајленд нетс од развојната Г-лига, и сè е во ред со него.