Весли Снајдер стави крај на својата кариера

Од:

Холандскиот репрезентативец Весли Снајдер објави дека се откажува од фудбалот. 35-годишниот играч е без клуб од јули. Неодамна, тој играше во Катар за локалниот Ал-Гарафа.

Кариерата на Снајдер започна во Ајакс, по што играше за Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница. Играше со екипата на „нероазурите“ од 2009 до 2013 година и токму во Милано го постигна својот најголем успех. Тој беше основна фигура во тимот предводен од Жозе Мурињо, кој дојде до „требл“ во 2010 година. Во тоа време, Интер ги освои Лигата на шампионите, титулата и Купот на Италија.

Весли е рекордер за репрезентацијата на Холандија со 134 настапи. Играчот од средниот ред имаше голема заслуга за пласманот на „портокаловите“ во финалето на СП 2010 година.

Би можело да ве интересира

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Ана Ололовска

Затворен стадионот на холандски Нец откако се урна една од трибините

А1он

Депај постави нов рекорд во репрезентацијата на Холандија

Ана Ололовска

Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска

Ана Ололовска

Тен Хаг потпиша договор со Ајакс до 2023 година

Жарко Настоски