Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар

Од:

Репрезентацијата на Холандија се пласира во четврт-финалето на Мундијалот во Катар откако во првата осминафинална пресметка славеше против селекцијата на Соединетите Американски Држави со 3:1. Тимот на Луј ван Гал знаеше тактички како да им се спротистави на Американците, ги навлече, а потоа зададе два удари, преку Мемфис Депај во десеттата и Дејли Блинд во 45.минута од дуелот.

САД не се откажа така лесно, продолжи да напаѓа во вториот дел и успеа да намали со голот на Хаџи Врајт во 76.минута. Но, Холандија не дозволи многу надеж за американските фудбалери и постигна трет гол преку Дензел Думфрис во 81. минута од мечот.

Холанѓаните во четврт-финалето ќе го чекаат подобриот од вечерашниот дуел меѓу Аргентина и Австралија.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата