Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска

Од:

Фудбалерот на холандската репрезентација Џорџињо Вајналдум ги сумираше резултатите на пријателскиот натпревар против Грузија (3:0).

– Бевме критикувани по натпреварот со Шкотска, и ова е нормално по ваквата игра. Но, ние верувавме дека можеме да постигнеме повеќе, отколку што покажавме, тогаш истакна Вајналдум за тамошните медиуми.

Холандија на претходниот пријателски натпревар ремизираше со Шкотска (2:2).

На претстојното Европско првенство, Холандија ќе и биде противник на македонската репрезентација во групата Ц каде уште ќе играат Австрија и Украина.

Би можело да ве интересира

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Ана Ололовска

Затворен стадионот на холандски Нец откако се урна една од трибините

А1он

Депај постави нов рекорд во репрезентацијата на Холандија

Ана Ололовска

Тен Хаг потпиша договор со Ајакс до 2023 година

Жарко Настоски

Во Холандија утре нема фудбал во очекување на снежна бура

Ана Ололовска