Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Од:

Вардар ќе ја задржи ракометната шампионска титула откако во клучниот натпревар во битката за домашниот трофеј, на тешкото гостување во Битола го победи Еурофарм Пелистер со 23-26. За црвено-црните ова е 15.титула, седма по ред. Пелистер и по 17 годинини останува да чека на титулата.

До крајот на сезоната има уште три кола од Супер-лигата, но со оглед на големата разлика во кавлатието само чудо може да го спречи Вардар во одбраната на титулата. Скопскиот тим сега има еден бод повеќе од Еурофарм Пелистер

Во драматичен и неизвесен натпревар, Вардар за победата се извори во завршните минути. На четири минути пред крајот избори позитва од два гола со која направи клучен исчекор кон значајниот триумф. На полувремето беше нерешено 11-11.

Битолскиот тим никогаш не успеа да обезбеди повеќе од два гола предност, вардарци имаа максимални три во текот на средбата.

Во последните пет минути ривалите влегоа со егал Куни Моралес беше прецизен во нападот, Борко Ристовски ги одбрани ударите на Танковски и на Граџан, а потоа и Гоце Георгиевски украде клучна топка, па Вардар дојде до 22:25.

На крајот, вардарци славеа со 23:26.

Куни Моралес беше најефикасен ракометар на мечот со десет гола, а Филип Талески постигна шест.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер без Ојлески и без Атанасијевиќ на дуелот против Мотор

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска