Ван Нистелрој влегува во штабот на Холандија за ЕП 2020

Од:

Поранешниот холандски репрезентативец Руд ван Нистелрој ќе биде асистент на Роналд Куман на претстојниот Европски фудбалски шампионат.

Селекторот на лалињата вчера ги објави имињата на неговите двајца асистенти, а вториот е Мартин Стекеленбург.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, кој сега има 43 години, има искуство како асистент на Гус Хидинк и Дани Блинд.

– Ова е одлична можност за мене и предизвик што го преземам со отворени раце. Ќе дадам се од себе за да постигнам добри резултати на Европското, соопшти тој за веб-страницата на локалната федерација.

Би можело да ве интересира

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Ана Ололовска

Затворен стадионот на холандски Нец откако се урна една од трибините

А1он

Депај постави нов рекорд во репрезентацијата на Холандија

Ана Ололовска

Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска

Ана Ололовска

Тен Хаг потпиша договор со Ајакс до 2023 година

Жарко Настоски