Ван Нистелрој: Уште од самиот почеток, CR7 знаеше што сака

Од:

Руд ван Нистелрој, поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, а потоа во Реал Мадрид искажа пофалби за Португалецот по одличните партии во последно време.

– Игра неверојатно, неговите голови се навистина добри, но оној со ножици не беше од оваа планета. Висината на која Кристијано го погоди овој шут е неверојатна, рече Нистелрој.

Во вторникот, Роналдо го изедначи рекордот на Холанѓанецот со погодок на девет последователни натпревари во Лигата на шампионите.

За Ван Нистелрој се знае дека своевремено не бил фан на CR7, кога Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2003 година. Сепак, тој признава дека е врвен фудбалер.

– Кога Кристијано дојде во Јунајтед беше младо момче, но потоа знаеше што сака да направи. Тој ни кажа: „Сакам да бидам најдобар на светот”. Во почетокот мислевме тоа е во ред, млад е и сонува, изјави Ван Нистелрој.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето