Уште едно четврточно искачување на Водно

Од:

Друштвото „I love hiking – group Macedonia“ денеска организира уште едно четврточно искачување до врвот на Водно. На крајот од турата, вообичаено, ентузијастите ќе ги пречека музика, односно настап на ди-џеј, како вид награда за искачувањето.

Членовите на „I love hiking – group Macedonia“ втора година ја спроведуваат својата иницијатива т.н. „Почни со Водно“. Велат дека сакаат да поттикнат љубов кај граѓаните кон планината, желба за истражување, пешачење и здрав живот.
– Со иницијативата почнавме во април 2017. На првото искачување се пријавија 20 – 30 лица, а денес веќе броиме 300-400. Идејата е да се поттикнат граѓаните почесто да го посетуваат Водно, да бидат во што подобра кондиција независно дали се спортски активни или не и да се рабуди истражувачкиот дух, духот за шетање по планини, рурални средини, изјави за МИА Владимир Крстевски – Хари од „I love hiking – group Macedonia“.

Искачувањето е обично од април до септември, секој четврток. Почнува во 18 часот откако групата ќе се собере пред ОУ „Кочо Рацин“, а симнувањето од врвот на Водно е во 21:30. Во летните денови, за време на жештините, терминот се поместува подоцна. Тогаш турата е од 19:30 или 20:00 часот.

Како што објаснува Хари, групата искачувачи оди со водичи и редари.

Од ланското искачување произлегле четири до пет „сериозни“, активни планинари кои веќе искачуваат и врвови на Блаканот.

Во годинашнава, втора сезона на четврточните искачувања на Водно што стартува пред три недели, на „I love hiking – group Macedonia“ им се приклучија и „Маседониан бајк рајдерс“, како и „Неозболни велосипедисти“.

Уште една група љубители на планината организира искачувања до врв на Водно. Наречена е „Осветли го Скопје“, но вообичаено, турите се само четири пати во годината, кога има полна месечина.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ