Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Од:

Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15.23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

– Од полициската станица – Карпош во 16.34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Ќе се тестира гасоводот, ограничено движење на Водно

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно