US Open: Мареј го освои првиот Грен слем!

Од:

Енди Мареј го освои првиот US Open, откако го победи Новак Ѓоковиќ со 3:2, по сетови  7:6(10), 7:5, 2:6, 3:6, 6:2 по скоро пет часа игра.

Шкотскиот тенисер го освои првиот Грен слем во кариерата по четири порази во големите финалиња и стана првиот Британец кој го направил тоа, по Фред Пери во 1936-та година.

Голема улога во финалето имаше и силниот ветер кој дуваше во првите два часа. Мареј многу подобро се справи со ситуацијата и поведе со 2:0.

Српскиот тенисер ги доби наредните два, но во 5-от сет Мареј беше подобар и заслужено дојде до првиот Грен слем трофеј.

Британецот имаше 31 винер и 56 неизнудени грешки, додека Новак покрај 40 директни поени имаше 65 грешки.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари