US Open: Мареј елиминиран од Вавринка, Јужњи од Ѓоковиќ

Од:

Ланскиот шампион на УС опен, Британецот Енди Мареј годинава настапот на турнирот во Њујорк го заврши во четвртфиналето. Тој синоќа загуби од Швајцарецот Станислав Вавринка со 3:0 во сетови (6:4; 6:3 и 6:2).

stanislasWawrinka-2

Противник на Варвинка во полуфиналето ќе биде најдобриот играч на светот Новак Ѓоковиќ (Србија), кој малку потешко од очекуваното со 3:1 во сетови (6:3, 6:2, 3:6, 6:0) го победи рускиот тенисер Михаел Јужњи.

Ова за Ѓоковиќ беше првиот загубен сет на УС опен и се избори за 14.то Грен слем полуфинале по ред.

novakUSOPEN2013

Во второто полуфинале играат: Рафаел Надал (Шпанија) и Ришар Гаске (Франција).

Вечерва во Њујорк се играат женските полуфинални мечеви:

Флавиа Панета (Италија) – Викторија Азаренка (Белорусија)
Серена Вилијамс (САД) – На Ли (Кина).

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари