Унгарија: Светска и олимписка шампионка во стрелаштво почина од Ковид-19

Од:

Олимписката победничка во стрелаштво во дисциплината скит Унгарската Дијана Игаји почина на 56-годишна возраст од компликации поврзани со коронавирус, соопшти Унгарската федерација во стрелаштво.

Игаји починала денеска, три дена откако била примена во болница.

Својот најголем успех во кариерата го постигна на Олимписките игри во Атина во 2004 година, освојувајќи го златниот медал во скит со што стана првата Унгарка која освои злато во стрелаштво.

Четири години порано, на Игрите во Сиднеј, таа ја освои бронзата, а во кариерата четирипати беше светска, а шестпати европска првенка со вкупно 32 медали на големите натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон