УЕФА ќе воведе трето клупско натпреварување

Од:

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да воведе ново клупско натпреварување почнувајќи од 2021 година.

Засега не е познат каков ќе биде форматот, но бројот на екипи во евро-куповите би се проширил на 96.

– Зелено светло е дадено, одобрување е во тек. Сегашниот модел треба да се модернизира, рече официјалниот претставник на УЕФА и претседател на Јувентус Андреа Ањели.

Тој на Собранието на Европското здружение на клубови (ЕЦА) во Хрватска рече дека прво треба да се утврди календарот на натпреварот.

– Потребна е детална проценка на постојниот календар на меѓународни натпревари пред воведувањето на новиот модел, изјави Анели.

До 2008 УЕФА имаше три натпреварувања кога Купот Интертото беше укинат.

Во моментов се играат Лигата на шампионите и Лига Еврпа, а според проценките новото натпреварување би можело да се воведе најрано во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ