УЕФА: Гарантираме безбедност на Европското првенство во Франција

Од:

По терористичкиот напад во Брисел, преку соопштение се огласи Европската фудбалска унија (УЕФА), во кое се наведува дека претстојното Европско првенство во Франција летово ќе биде организирано на највисоко ниво на безбедност.

„По денешните случувања во Брисел, УЕФА сака да ја потврди својата посветеност за безбедност и сигурност во организацијата на шампионатот. Сите актери и учесници во организацијата на првенството ќе продолжат да го следат нивото на ризик, а нашите безбедносни служби гарантираат сигурност и безбедност на шампионатот’’, пишува во соопштението на УЕФА.

Нападот во Брисел посетува на случувањата во Париз минатиот ноември, кога во текот на пријателскиот меч меѓу Франција и Германија на стадионот „Сент Дени’’ се слушнаа првите експлозии.

Франција претходно најави дека Европското фудбалско првенство ќе го обезбедуваат рекорден број на полицајци и агенти, и дека не е исклучена и можноста за ангажирање на војската.

Европскиот шампионат ќе се игра од 10 јуни и ќе трае еден месец се до финалето закажано за 10 јули.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ