Убиен голманот на јужноафриканската репрезентација

Од:

Голманот и капитен на фудбалската репрезентација на Јужна Африка, Сенцо Мејива е убиен вечерва во главниот град на оваа држава Јоханесбург.

Трагедијата се случила во куќата на девојка на Мејива каде голманот отишол после победата на неговиот тим Орландо Пајратс против Ајакс Кејптаун во четвртфиналето на Лига купот.

Тамошната полиција ја потврди смртта на Мејива, но не откри повеќе детали за несреќата, а најави обраќање кон јавноста по завршување на истрагата.

Во светските медиумите се појавија информации според кои убиството се случило кога Мејива се обидел да спречи крадец кој влегол во куќата и се обидел да и го одземе мобилниот телефон на неговата девојка. Крадецот веднаш почнал да пука и ја погодил жртвата во глава.

На последните репрезентативни настапи Мејива беше несовладлив на голот на националниот тим. Тој не прими гол на четири натпревари во низа за Јужна Африка во квалификациите за африканскиот Куп на нации.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ