Трето финале во низа за Фоњини

Од:

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини третпат по ред се пласира во финале на АТП турнир.

Тој ќе игра во завршницата на турнирот во Умаг (Хрватска), а претходно ги освои турнирите во Хамбург и Штутгарт.

Фоњини во полуфиналето во Умаг одигра неверојатен меч со Французинот Гаел Монфилс. По 6:0 во првиот и 3:6 во вториот сет, Италијанецот имаше водство од 5:0 во третиот сет и три меч топки. Тогаш Монфилс направи пресврт ретко виден на тениските терени и поведе со 6:5 и имаше три топки за победа, но не искористи ниту една и му дозволи на Фоњини преку тај-брек да обезбеди финале.

Противник на Фоњини во финалниот дуел ќе му биде Томи Робредо (Шпанија) кој во второто полуфинале со 2:1 го победи Андреас Сепи (Италија).

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ