Тим го победи Нишикори и чека пораз на Федерер за пласман во полуфиналето

Од:

Австрискиот тенисер Доминик Тим ја постигна првата победа во финалниот АТП турнир во Лондон, чиј награден фонд изнесува 8,5 милиони долари.

Шестиот носител на турнирот го совлада едно место пониско рангираниот во шемата Кеј Нишикори со 6:1, 6:4 за 84 минути игра, во меч од последното коло во групата „Лејтон Хјуит“.

Нишикори беше далеку од најдоброто ниво, кое го покажа при победата во два сета над Швајцарецот Роџер Федерер во првото коло. Тој имаше 41 неизнудени грешки, односно 20 повеќе од противникот.

Со поразот, Јапонецот загуби шанси да се пласира во полуфиналето, додека Тим треба да се надева на победа на Јужноафриканецот Кевин Андерсон над Федерер во последниот меч од групата, за да се пласира меѓу четворицата најдобри.

Андерсон е веќе сигурен полуфиналист со две победи по два натпревари.

Би можело да ве интересира

АТП: Новак ја започна 389-та недела на врвот

АТП го казни Вимблдон поради руските и белоруските тенисери

Предраг Петровиќ

Зверев: Мило ми е што АТП започна истрага за обвинувањата против мене, подолго време барав да го сторат тоа

Ана Ололовска

Ѓоковиќ ја почна 318. недела на врвот на АТП листата

Ана Ололовска

Ѓоковиќ го урна рекордот на Федерер

Катерина Ѓуровски

Ѓоковиќ идниот месец ќе го урне рекордот на Федерер и ќе стане тенисер со најмногу недели на врвот

Жарко Настоски