Ѓоковиќ идниот месец ќе го урне рекордот на Федерер и ќе стане тенисер со најмногу недели на врвот

Од:

Најдобриот светски тенисер и освојувач на првиот годинешен грен слем Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, на осми март ќе стане нов сопственик на рекордот кој сега го држи Швајцарецот Роџер Федерер, за најмногу недели минати на врвот на АТП листата.

Српскиот тенисер денеска ја почна својата 309 недела на врвот на светската ранг-листа и од соборување на рекордот на Федерер го делат уште само две недели.

Ѓоковиќ има 2.180 бодови повеќе од вториот светски тенисер Рафаел Надал, додека финалистот на Австралија Опен, Данил Медведев, е трет на најновата АТП ранг-листа со само 115 бодови помалку од шпанскиот тенисер.

Најголем скок на АТП листата направи полуфиналистот на грен-слемот во Мелбурн, Русинот Аслан Карацев, кој напредуваше 72 места и во моментов е 42. тенисер во светот.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ