Ѓоковиќ ја почна 318. недела на врвот на АТП листата

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска ја брои 318. недела во низа на врвот на АТП ранг-листата, додека поранешниот светски рекет број 1 Шпанецот Рафаел Надал се врати на второто место по вчерашниот триумф на турнирот во Барселона.

Ѓоковиќ, и покрај елиминацијата изминатиот викенд во полуфиналето на „Србија Опен“ заработи нови 90 бодови и е на чело на рангирањето со вкупно 11.963 поени, 2.153 повеќе од Надал, кој вчера стигна до 12. титула во кариерата на турнирот на земјена подлога во Барселона.

Русинот Данил Медведев се спушти на третото место на АТП листата со 110 бодови помалку од Надал.

Од четвртото до десеттото место нема промени на најновата АТП листа на која во топ 10 се Доминик Тим, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Роџер Федерер, Диего Шварцман и Матео Беретини.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

АТП: Новак ја започна 389-та недела на врвот

Пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи, Медведев го реши во два сета

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јелена му запеа на Новак Ѓоковиќ: „Откако се заљубив во тебе“

Ана Ололовска

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска