Тајсон Геј најбрз во Лозана

Од:

Американскиот спринтер Тајсон Геј постигна одлично време на трката на 100 метри одржана синоќа во рамките на Дијамантската лига. Во швајцарскиот град Лозана Геј најпопуларната атлетска патека ја истрча со време од 9,79 секунди што претставува втор најдобар резултат сезонава.

Второто место го освои Асафа Пауел кој заостана 9 стотинки зад победникот, а трет беше Мајкл Роџерс со 9,96 секунди.

Геј најдоброто време годинава го оствари на националниот шампионат во САД кога 100 метри ги истрча за 9,75 секунди.

Запрашан за претстојниот дуел со Усеин Болт на Светското првенство во Москва, Геј истакна:

– Се чувствувам добро и сметам дека имам големи шанси против било кого.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата