Судот со конечна одлука – Еквадор ќе игра на СП во Катар

Од:

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) ја отфрли жалбата на Чилеанската фудбалска федерација околу случајот на еквадорскиот фудбалер Бајрон Кастилјо и неговата достапност за еквадорската репрезентација, така отфрлајќи ги сите шпекулации дека тие ќе бидат исфрлени од првенството.

Сомнежите дека Кастилјо лажел за својата возраст и за тоа каде е роден неколку месеци ја окупираат фудбалската јавност во Јужна Америка, а откако ФИФА двапати ја отфрли жалбата на Чиле, последна шанса за Чиле за можен настап во Катар беше Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Швајцарија.

Интересно е што ЦАС во својата одлука потврди дека Кастилјо навистина е роден во Колумбија и дека федерацијата е виновна за фалсификатот, но дека немаат вина во одлуката да го постават во својата репрезентација.

„Во случајот, иако е вистина дека пасошот на фудбалерот бил леглен, информациите во него не биле вистинити. Тој е роден во Тукмаако, Колумбија на 25 јуни 1995 година, но Еквадор не го прекрши одделот 22 од дисциплинскиот код на УЕФА бидејќи тој беше достапен за нивната репрезентација. Националноста на еден фудбалер одредува дали тој е достапен за настап според локалните закони и тој смеел да игра за Еквадор“, се вели во одлуката на ЦАС.

Еквадор е во групата А на СП, заедно со домаќинот Катар, Холандија и Сенегал.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата