Суарез со „хет-трик“ ја однесе Барселона во финалето на Светското клупско првенство

Од:

Европскиот шампион Барселона ќе игра во финалето на Светското клупско првенство што се одржува во Јапонија, откако денеска со убедливи 3:0  го победи азискиот шампион Гвангжу.

Јунак во победата на Каталонците беше Луис Суарез со три постигнати гола. Уругваецот резултатот го отвори во 39.минута, во 50.минута на асистенција на Андрес Иниеста зголеми на 2:0, а конечните 3:0 ги постави во 67.минута од пенал.

Шпанскиот првак на овој натпревар настапи без Лионел Меси и Нејмар.

Во недела во финалето Барселона за трофејот ќе се бори со јужно-американскиот првак Ривер Плата.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ