Со средствата собрани од „Скопје трча 10 км“ ќе се реновира еден дом во СОС Детско село

Од:

Со кампањата „#СекојКилометарЗначи“ поврзана со атлетската трка Скопје трча 10км. која се реализираше пред десетина дена собрани се 60.314 денари кои ќе бидат искористине за хуманитарни цели.

– Преку #СекојКилометарЗначи заинтересираните можеа да купат километри во име на некој од амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов. Благодарение на нив, луѓето значително ги зголемија своите чекори за донација. Во нивно име беа купени 140 километри и средствата од акцијата ќе бидат искористени за реновирање на еден од семејните домови во СОС Детско село, соопштија организторите на трката.

На „Skopje Run 10K“ се појавија рекорден број учесници. Тимот на „Skopje Run 10K“, Сојуз на спортови на Град Скопје, заедно со СОС Детско село ја отворија можноста за купување на хуманитарни километри онлајн неколку месеци пред самата трка.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата