Македонските тенисер Горазд Србљак го заврши настапот во сингл конкуренција на фјучрсот во Скопје. Поуспешен од него беше Саси Кумар Мукунд од Индија во два сета. Противникот на Србљак сетовите ги доби со 6:4 и 6:1 во гемови, а нашиот тенисер имаше голем проблем со високата надворешна температура и во неколку наварти бараше од судиите освежување.
Од нашите тенисери вчера во првото коло беа елиминирани Стефан Мицов и Шендрит Деари.
Во тек се мечевите на Томислав Јотовски против првиот носител Данило Петровиќ од Србија, како и на Бесир Дургути против Кристијан Месарош од Хрватска.
Во конкуренција на двојки подоцна ќе настапат Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, потоа Шендрит Дераи и Горазд Србљак, како и Стефан Мицов со Нермин Фатиќ.
Пласман во второто коло во сингл денеска обезбедија Нермин Фатиќ, Нино Сердарушиќ, Данило Калиниченко Патрик Фабиан и Либор Салаба.