Спортско планинарскиот клуб „Козјак„ од Куманово го одбележа Меѓународниот ден на планината

Од:

Спортско планинарскиот клуб „Козјак„ од Куманово со едукација и предавање за членовите го одбележа Меѓународниот ден на планината.

Покрај овие активности, планинарскиот клуб оддржа и годишно собрание на кое беа прогласени најдобите планинари, а беше усвоена и годишната програма која предвидува оддржување летна планинарска школа, искачување на врвовите на планините низ Македонија и соработка со македoнски и балкански планинарски друштва.

Генералниот секретар на СПК „Козјак“, Мартин Величковски, најави дека утре планинарите од кумановското здружение ќе учествуваат и на традиционалните планинарски маршеви кои ги организира Федерацијата за планинарски спортови на Македонија по повод Светскиот ден на планината.

– Дваесеттина планинари од нашиот клуб ќе ја пешачат предвидената патека, а останатите помлади членови ќе ја поминат планинарската патека до четирите манастири, а ќе ја посетат и пештерата „Врело”, истакна секретарот на СПК „Козјак“, Мартин Величковски.

Во СПК „Козјак” членуваат 76 активни и 25 пасивни планинари. Клубот учествува на сите традиционални искачувања на планинските врвови во државата и надвор од неа. Досега планинарите ги освоиле највисоките врвови на Балканот, а во изминатите години, планинарите учествуваа и на искачувања во Европа. Тие соработуваат со сите македонски планинарски друштва, но и со планинари од Балканот. Во рамки на клубот функционира и школата за млади планинари. СПК „Козјак” располага со  два планинарски дома во село Далбочица, а опстојува 33 години.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска