Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Од:

Планинар во Нов Зеланд „за чудо“ преживеа пад од 600 метри со само полесни повреди откако падна од планинска карпа.

Полицијата соопшти дека мажот паднал од планината Таранаки на Северниот остров и бил спасен од пролетното време кое го омекнало мразот што значи дека паднал во снегот. Тие додадоа дека алпинистот имал „исклучителна среќа што останал жив“.

Висината од која паднал е еднаква на висината на Кралската саат кула во Мека, Саудиска Арабија, една од највисоките згради во светот. Исто така е речиси двојно повисока од Шард во Лондон, зграда која се протега на 309 метри до небото.

Алпинистот бил дел од групата која се искачувала на планината Таранаки.

„Гледајќи го нивниот колега планинар како се лизга по планината и надвор од видното поле, друг член на групата се спушти за да се обиде да го лоцира“, соопшти полицијата. Планината Таранаки има репутација како една од најсмртоносните планини во Нов Зеланд, според Советот за безбедност на планините на земјата. Во 2021 година двајца планинари загинаа на истото место од каде што падна споменатиот планинар за време на викендот.

Таранаки е неактивен вулкан кој се наоѓа во релативна изолација на западниот брег на Северниот остров на Нов Зеланд. Според Советот за безбедност на планините, неговата изолација од другите планини, близината на брегот и географската локација создаваат некои од најбрзо променливите и најнеповолните временски услови каде било во Нов Зеланд. „Времето, во комбинација со сложениот и нерамен терен, создава исклучително уникатна средина. Една грешка може да биде катастрофална.

Иако несомнено се ретки, има случаи на други луѓе кои преживеале пад од голема височина и останале релативно неповредени. Иако можеби нема познати случаи на преживеан пад од толку стрмна планина како оваа во Нов Зеланд.

Адам Потер падна 300 метри по Сгурр Чоиних Мор во Шкотска. За време на падот во 2011 година, тој паднал преку три карпи. Иако имаше многу модринки, Потер успеал да стане откако падна.

Друг планинар преживеа пад од 400 метри во Канада кога се сруши од страната на планината Лефрој. Планината на запад од земјата има висина на врвот од 3.423 метри.

Би можело да ве интересира

Планинар во Нов Зеланд преживеа пад од 600 метри

Талентираниот спортист падна од прозорецот на висококатница додека неговата девојка се туширала

Предраг Петровиќ

Куќата на врвот на планината нуди бесплатно сместување,ама ако можете да стигнете таму

Предраг Петровиќ

Изречени три пресуди во предметот „Планина“

Ана Ололовска

Седуммина обвинети во „Планина“ признаа вина и се спогодија со Обвинителството, најголемата казна е затвор од четири и пол години

Ана Ололовска

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска