Кај Елшани спасен холандски турист со скршена нога

Од:

Планинарска спасителна служба вчера извлекла холандски турист со скршена нога од околината на село Елшани, а потоа бил предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

– Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15 часот имала спасителна акција на територија на општина Охрид. Извршено е извлекување на повреден холандски турист од околината на село Елшани, кој имал скршеница на нога и е предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен медицински третман.

Од ЦУК посетуваат дека сите итни случаи може да се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство