Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Од:

Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6962 метри.

Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Република Србија во средата попладне по локално време стигнале на највисоката точка на Андите, на аргентинско-чилеанската граница.

-Горди сме што експедицијата ја оствари крајната цел и го развиори македонското знаме на највисокиот врв на јужната земјина полутопка. Искачувањето поминало според зацртаниот план, по карпест терен и без многу снег, со минусни температури иако таму е лето, а на врвот ги дочекал убав сончев ден. Тоа што на многу други планинари досега не им успеало и се откажале од искачување, нашите момци го исполнија и им честитаме на успехот, истакна Тошо Антов, претседател на ПСК „Осогово“.

Подготовките за реализирање на експедицијата во Јужна Америка, нашите планинари ги направиле во изминатите неколку месеци на домашни врвови, а поддршка им обезбедија матичните планинарски клубови и локалниот бизнис сектор.

Планинарот Николов минатата година беше дел и од експедицијата која за пет дена се искачи на петте највисоки врвови во Италија, Швајцарија и Словенија.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска

Спасени четворица кои залутале на Кожув