СПК „Козјак“ ги прогласи најдобрите планинари

Од:

Спортско планинарскиот клуб „Козјак“ од Куманово, синоќа во пресрет на Светскиот ден на планината, одржа годишно собрание на кое ги прогласи најдобрите планинари и ја усовои годишната програма.

За најдобри планинари во машка и женска конкуренција беа прогласени Бобан Антевски и Жаклина Антевска.

Годишната програма на планинарскиот клуб предвидува одржување летна планинарска школа, соработка со македонски и балкански друштва и искачување на врвовите во Македонија и на Балканот.

Во текот на оваа недела, најавија надлежните од клубот, ќе се одржат и предавања за членовите и едукација за подмадокот.

Како што информира претседателот на СПК „Козјак“, Владо Лазаревски, планинарскиот клуб постои 34 години, а членуваат околу 1000 планинари, кои додсега ги имаат освоено највисоките врвови во Македонија, Балканот и Европа. Клубот располага со два планинарски дома во Длабочица.

Кумановскиот клуб, најави претседателот, ќе учествува на одбележувањето на Светскиот ден на планината на Матка во Скопје со останатите планинарски друштва од државава.

Инаку, 11. Декември е прогласен за Светски ден на планината на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во 2003 година со цел да се потенцира важноста на планината за животот на луѓето, како и да се придонесе кон нејзина поголема заштита.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска