Спалети пред мечот со Тотенхем: Судбината е во наши раце

Од:

Тренерот на Интер, Лучано Спалети ќе бара од своите фудбалери целосна концентрација во утрешниот дуел со Тотенхем од групната фаза на Лигата на шампионите.

Искусниот стратег призна дека добро ги проучил „петлите“, откако ја пофали и работата на менаџерот Маурицио Почетино.

– Долго време навивачите на Интер очекуваа да ги играме овие натпревари од Лигата на шампиони. Способни сме да одиграме добар натпревар против секој противник. Тотенхем е многу силен тим и е подготвен брилијантно како тактички, така и технички. Видов што рекол Почетино пред натпреварот. Тотенхем ќе се обиде да победи на следните две средби, за да се пласира понатаму, но може и да се случи спротивното. На теренот се гледа ракописот на Почетино, вели Италијанецот.

Спалети го посочи вистинскиот став, кој играчите на Интер треба да го имаат, за да извлечат нешто од нивната посета на „Вембли“.

Гигантот од Милано има потреба од само бод, за да се пласира во следната фаза од турнирот.

– Видов како Интер расте на психички план. Секој покажува желба на тренинзите и во натпреварите. Сега е моментот да видиме дали сме вистинскиот Интер. Утре треба да го прифатиме дуелот со Тотенхем како средба, од која зависи нашата судбина. Ние не мораме да преземаме излишни ризици. Продолжувањето во следната фаза треба да биде извојувана. Фудбалерите треба да мислат на овој начин, додаде тренерот на „нероазурите“.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска