Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Од:

Фудбалерот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар е подготвен да премине во Интер. Според новинарот Флоријан Плетенберг, „Нероаѕурите“ постигнале вербален договор со дефанзивецот.

Во италијанските медиуми излезе информација дека Интер понудил 25 милиони евра, а Баерн бара нешто повеќе од 30 милиони.

Павар кариерата ја почна во Лил, потоа играше во Штутгарт, а од 2019 година е член на Баерн Минхен. Од 2017 година е француски репрезентативец.

Самиот фудбалер повеќе пати изјавуваше дека не е среќен во Баерн и дека има желба да ја промени клупската средина.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ

Интер 10 пат по ред ќе има свој претставник во финалето на СП

Навивачите на Интер го сакаат Диего Симеоне за нов тренер