ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Од:

Тешко дека натпреварот помеѓу Јувентус и Интер можеше да биде подраматичен. Видовме незадоволен Душан Влаховиќ, па по еден гол од двете страни, драма во финишот, а потоа и тепачка на крајот од играта. Ова беше првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, а како што изгледа ќе има вистинска драма во реваншот.

На крајот од натпреварот прво разговараа Самир Хандановиќ и Хуан Квадрадо, а кога искусниот словенечки голман се сврте, Колумбиецот го турна. И тогаш започна хаосот.

Таму беше и Аркадијуш Милик, но кога Квадрадо го оттурна голманот од Словенија, Хандановиќ беше подготвен за борба! Дамфрис, Лукаку и другите играчи на Интер трчаа еден по друг, а потоа се приклучија и играчите на Јувентус.

Судијата веднаш на двајцата им покажа црвени картони, што значи дека нема да можат да играат на реваншот, но тоа не ги смири страстите. Уште при влегувањето во соблекувалната летаа искри меѓу играчите на двата тима. Во текот на натпреварот имаше и конфликт помеѓу Ромелу Лукаку, кој израмни од пенал во 90. минута, со навивачите на Јувентус.

Во второто полуфинале се среќаваат Кремонезе и Фиорентина, а Јувентус и Интер имаат шанса со трофејот во купот да ја спасат сезоната. Од една страна, Интер се бори за пласман во Лигата на шампионите иако титулата одамна им избега, додека Јувентус е во многу лоша позиција по одземањето бодови, а прашање е дали воопшто ќе се пласира во Европа.

Би можело да ве интересира

Марсеј остана без тренер

Предраг Петровиќ

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Аргентина: Се степаа хулигани и полицијата, се спасуваа деца од стадион

Сензационален гол од 50 метра: Го лобуваше голманот од пола терен

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

(ВИДЕО) Натпреварот Романија – Косово прекинат, па продолжен поради скандирање: „Косово е Србија“

Горан Наумовски