Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Од:

Словачкиот репрезентативец – Милан Шкринијар стана новото засилување на францускиот шампион – Пари Сен Жермен.

28-годишниот стопер дојде како „слободен агент“ и потпиша договор со раководството на клубот од Париз до летото 2028 година со плата од 9 милиони евра по сезона.

Словачкиот дефанзивец на тој начин ги остави без обештетување редовите на Интер, каде ги мина претходните шест сезони (246 одиграни натпревари – 11 постигнати голови) и ја освои титулата „Серија А“, како и по два трофеи во Купот на Италија и Италија Супер Куп.

Сега пред него е нов предизвик во францускиот клуб кој секоја година има највисоки можни амбиции и заедно со бразилскиот репрезентативец – Маркињос треба да формира исклучително квалитетен стоперски тандем.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Лаутаро Мартинез и Интер работат на продолжување на договорот

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра