Спалети пред мечот со ПСВ: Најважниот натпревар од кога сум во Интер

Од:

Тренерот на Интер, Лучано Спалети го посочи дуелот со ПСВ од групите во ЛШ како „најважен во неговата кариера“ откако е во Милано. Интер треба да го победи ПСВ, додека Тотенхем не треба да победи како гостин Барселона, за да може „нероазурите“ да си обезбедат место во осминафиналето на Лигата на Шампионите.

Италијанскиот стратег исто така наведе дека неговите играчи целосно се фокусираат на нивните перформанси и го игнорираат другиот натпревар.

– Мораме да бидеме екстремно концентрирани цело време, па ние не мислиме за друг тим, освен за себе. На самиот почеток реков дека оваа група била убиствена. Минуваме низ тешка недела, но сакаме да излеземе од неа. Ова е најважниот натпревар за мене од кога сум во Интер. Тој е уште поважен од оној со Лацио, кој не рангираше во Лигата на шампионите оваа година, изјави Спалети пред утрешниот натпревар во Милано.

– Имаме проблеми со Матијас Весино, кој ќе го помине фитнес-тест, но веројатно нема да игра. Раџа Наинголан исто така е аут, бидејќи има потреба од уште неколку дена за лекување, заклучи менторот на Интер.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска