Солскјер нестрплив да почне со новата работа во Манчестер Јунајтед

Од:

Оле Гунар Солскјер, кој беше назначен за вршител на должноста тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на оваа сезона, рече дека со нетрпение очекува да започне работа.

– Манчестер Јунајтед е во моето срце, и убаво е да се вратам во оваа улога. Со нетрпение очекувам да започнам со работа со многу талентиран тим што го имаме, како и да соработувам со сите во клубот, вели Солскјер.

Тој ќе го наследи Жозе Мурињо на клупата на „црвените ѓаволи“ кој вчера доби отказ поради слаби резултати.

Како играч беше дел од тимот на „Олд Трафорд“ во периодот 1996-2007 година. Одигра 366 натпревари и постигна 126 голови.

Солскјер во 2008 година стана менаџер на резервниот тим на Манчестер Јунајтед, а потоа ја презема менаџерската улога во норвешки Молде.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Манчестер јунајтед бара 60 милиони евра за Мегваер