Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Од:

Шеикот Џасим Бин Хамад Ал Тани до средината на октомври треба официјално да го преземе англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед од американското семејство Глејзер, пишува британски Сан.

Извор близок до преговорите потсети дека шеикот Ал Тани пред неколку месеци понудил шест милијарди фунти за Манчестер Јунајтед. Тој имаше конкуренција во британскиот милијардер Џим Ретклиф, кој беше подготвен да му дозволи на семејството Глејзер да задржи малцински дел од англискиот клуб.

Истиот извор истакна дека официјалното соопштение за продажба на Манчестер Јунајтед се очекува на почетокот на септември, откако правниот тим на Ал Тани ќе ја комплетира комплетната документација.

Сан потсетува дека Ал Тани понудил шест милијарди фунти за купување на 100 отсто од акциите на клубот, отплата на целиот долг на Манчестер Јунајтед и посебен фонд за клубот и локалната заедница.

Семејството Глејзер во ноември минатата година објави дека размислува да го продаде Манчестер Јунајтед. Во 2005 година го купија клубот од „Олд Трафорд“ за 790 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Манчестер јунајтед бара 60 милиони евра за Мегваер

ВИДЕО: Клоп „полуде“ и му се „пушти“ на навивачот кој упадна на терен