Солскјер ќе остане на тренерската позиција во Манчестер Јунајтед ако раководството му понуди договор

Од:

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е задоволен од досега постигнатото со тимот и рече дека останува отворен за соработка и по завршување на сезоната.

– Мојата работа тука е наменета за петте преостанати месеци. Ова е план во моментот. Според сегашниот договор завршувам кон крајот на мај или почетокот на јуни. Мојата задача е да се влијае врз играчите за подобрување на резултатите. Сакам играчите да се движат во вистинската насока со мене. Ако после една или две години овие фудбалери освојат трофеи, ќе се чувствувам како дел од тоа, без разлика дали и понатаму ќе бидам на истата позиција. Се разбира, јас сум амбициозен. Но, како што му реков на директорот Ед Вудворд, јас сум подготвен за продолжување на соработката, изјави Солскјер.

Претходно беше објавено дека норвешкиот тренер по завршувањето на сезоната ќе се врати на работа во татковината во клубот Молде.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Манчестер јунајтед бара 60 милиони евра за Мегваер