Солари не е загрижен за гласините за враќањето на Мурињо во Реал

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари не е загрижен за гласините што со клубот го поврзуваат Жозе Мурињо. Шпанските медиуми веруваат дека Реал ќе му испрати понуда на Португалецот да седне на тренерското место. Мурињо вчера беше отпуштен од Манчестер Јунајтед.

– Ги третирам сите мои колеги со огромна восхит и почит. Тие прават исклучителна работа. Ги ценам оние кои работеле во Реал и оставиле белег во историјата на клубот. Зошто да се грижам за овие шпекулации? Гласини се појавуваат секој ден. Тие се дел од реалноста. Мислам само на мојата работа и за подобрување на играта на тимот, изјави Солари.

Аргентинскиот стручњак дојде на тренерската позиција во Реал во текот на сезоната на местото на Хулен Лопетеги.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија