Сочувство за настраданите во Турција изразија Мета, Рама и Баша

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабоко сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес што синоќа го погоди источниот дел на Турција.

Наведува дека во овие тешки моменти тој и албанскиот народ се покрај Турција и пријателскиот турски народ.

„Со длабока загриженост и болка ја следам ситуацијата во пријателска Турција, погодена од трагичниот земјотрес. Многу сум потресен од човечките жртви, им упатувам најдлабоко сочувство на семејствата и нивните најблиски, на целиот турски народ и претседателот Реџеп Таип Ердоган, молејќи се да нема повеќе загубени животи. На сите повредени им посакувам побрзо закрепнување. Во овие тешки моменти јас и албанскот народ сме покрај пријателска Турција,напша Мета на Фејсбук.

Сочувство за настрадатите изрази и премерот Еди Рама кој на социјалните мрежи напиша дека „несреќата што паднала врз Турција е премногу тажна“.

„Изразуваме солидарност и сме покрај турскиот народ и се молиме Бог да им даде на властите во земјата и претседателот Ердоган сили да се соочат со оваа трагедија,напиша Рама.

Сочувство изрази и лидерот на најголемата опозициска партија,Демократската,Љуљзим Баша.

„Мое најдлабоко сочувство до турскиот народ и претседателот Ердоган за жртвите од земјотресот. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите. Посакуваме брзо закрепнување на повредените и изразуваме солидарност со народот на Турција напиша Баша на Твитер.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски