Славен Билиќ најави заминување од Бешикташ

Од:

Хрватскиот тренер Славен Билиќ најави дека следната сезона нема да остане на клупата на турскиот фудбалски тим Бешикташ.

– Наредната сезона нема да бидам тренер на Бешикташ. Горд сум на мојата работа и се она што го сторив во овој клуб, изјави Билиќ за турските медиуми.

И покрај ваквата изјава, Хрватот не прецизираше зошто го напушта тимот на Бешикташ. Јасно е дека клубот е далеку од посакуваната титула во турското првенство.

Фудбалерите на Бешикташ загубија во дерби дуелот од 33. коло од актуелниот шампион и лидер на табелата Галатасарај со 2:0, па сега Бешикташ заостанува десет бодови зад Галатасарај.

Галатасарај е близу до освојување на 20-тата титула, бидејќи има 76 бодови, шест повеќе од второ пласираниот Фенербахче, кој има и средба за доигрување. Доколку Фенербахче го добие тој меч, првакот на Турција ќе се решава во последното коло, закажано за претстојниот викенд.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ