Сколари под истрага поради даночно затајување

Од:

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Луис Фелипе Сколари се наоѓа под истрага на португалските власти поради избегнување да плати данок кога беше селектор на Португалија.

Сколари е осомничен дека не пријавил седум милиони евра приход додека беше португалски селектор во периодот од 2003 до 2008 година.

Португалските медиуми наведуваат дека Сколари парите ги префрлил на Бахами или некоја друга островска држава каде владее „даночен рај“.

65-годишниот бразилски стручњак во 2002 година со својата репрезентација стана Светски првак, освојувајќи го трофејот на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.

Португалија под негово водство на СП 2006 година во Германија стигна до полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ