Симоне Инзаги ќе добие нова понуда од Лацио

Од:

Лацио ќе го продолжи договорот со тренерот Симоне Инзаги, пренесува италијанскиот спортски весник „Ил Месаџеро“.

Според извештајот, претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито има намера да му понуди на 44-годишниот Инзаги договор до јуни 2023 година.

Тековниот договор на стручњакот и поранешен долгогодишен фудбалер на римскиот клуб е до летото следната година.

Според новиот договор, Инзаги ќе заработува 2,5 милиони евра годишно. Доколку Лацио ја освои титулата во Италија под негово водство, платата на тренерот ќе се зголеми на 3 милиони евра годишно. Инзаги е на чело на „орлите“ уште од летото 2016 година.

Фудбалската сезона во најсилната италијанска лига е во пауза од март, а ќе продолжи идната недела. По 26 одиграни кола оваа сезона, Лацио е на второто место зад лидерот Јувентус.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Маурицио Сари не е повеќе тренер на Лацио