Маурицио Сари не е повеќе тренер на Лацио

Од:

Тренерот на фудбалскиот клуб Лацио, Маурицио Сари денеска поднесе оставка од функцијата, пренесува Corriere dello Sport.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во тек е состанок на челниците на Лацио, кои се уште немаат објавено официјално соопштение.

„Кориере дело спорт“ истакнува дека Сари во текот на денот ја соопштил својата одлука на фудбалерите, стручниот штаб и челниците на клубот. Тој по три години реши да се повлече од клубот, бидејќи тимот е во лоша форма.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Лотито: Сергеј вреди 120 милиони евра, но не е на продажба

Лацио ја победи Аталанта во Бергамо

Имобиле во „аут“ до крајот на годината!

Горан Наумовски

Имобиле го помина Батистута, Лацио се врати на победите

Лацио прими гол во 92. минута за реми кај Сампдорија