Лотито: Сергеј вреди 120 милиони евра, но не е на продажба

Од:

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито изјави дека нема намера да го продава играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС).

Договорот на СМС Лацио истекува во летото 2024 година, а порталот „Трансфермаркт“ моментално го проценува на 60 милиони евра.

Сепак, 65. годишниот Лотито истакна дека наскоро ќе му понуди нов договор на 27. годишниот Србин.

„Не сакам да го продадам Милинковиќ-Савиќ, ќе му понудам нов договор. Повторувам, тој сега вреди 120 милиони евра и секој месец неговата цена на пазарот се зголемува“, изјави Лотито за „Месаџеро“.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја игра својата осма сезона во дресот на Лацио. Од почетокот на сезоната има учинок од четири гола и седум асистенции на 15 одиграни натпревари.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Маурицио Сари не е повеќе тренер на Лацио

Лацио ја победи Аталанта во Бергамо

Имобиле во „аут“ до крајот на годината!

Горан Наумовски

Имобиле го помина Батистута, Лацио се врати на победите

Лацио прими гол во 92. минута за реми кај Сампдорија