Шпанија е на европскиот кошаркарски трон

Од:

Кошаркарската репрезентација на Шпанија ја совлада Франција со 88:76 во финалето на Евробаскет и ги обедини двете титули. Светскиот првак ја освои четвртата европска круна иако селекторот Серџо Скариоло имаше неверојатно променет состав во однос на последното натпреварување. Се чини дека клучен момент е ангажманот на натурализираниот Американец Лоренцо Браун, кој одлично ја предводеше „црвената фурија“ од плејмејкерската позиција во текот на целиот турнир.

Шпанија одлично го отвори финалето во Берлин, првиот период го доби со 23:14, имаше и 19 поени предност, но на одмор замина со десет поени позитива (47:37). Неверојатен беше Хуанчо Хернангомез, кој погоди дури пет тројки во првиот дел.

Французите се обидоа да намалат, стигнаа до „минус три“, но потоа Лоренцо Браун повторно пронајде неколку решенија за Шпанија да ја врати двоцифрената предност.

На крајот, Шпанците славеа со и ги обединија светската и европската кошаркарска титула.

Хуанчо Хернангомез постигна 27 поени, Лоренцо Браун имаше 14 поени и 11 асистенции во редовите на новиот европски шампион.

Би можело да ве интересира

Јусуф Нуркиќ поразот од Литванија го префрли на политички терен

Шпанија со проверени кошаркари гостува во Скопје

Ана Ололовска

Трета титула во низа за Реал во шпанскиот Суперкуп

Ана Ололовска

Џикиќ доби отказ во Естудијантес

Драган Поповски

Дончиќ: Ќе се вратам во Реал кога ќе завршам со НБА

Наум Локоски

Крај на една ера: Барселона и Наваро се разделуваат

Наум Локоски