Дончиќ: Ќе се вратам во Реал кога ќе завршам со НБА

Од:

Реал Мадрид секогаш ќе има посебно место во срцето на Лука Дончиќ, a словенечката ѕвезда на Далас посведочи за љубовта кон „белите“ уште еднаш, говорејќи во интервју за „Кадена Копе“.

Играчот го пропушти првиот натпревар од почетокот на сезоната синоќа, но дури и без него, Маверикс победија против лидерот во Западната конференција Лос Анџелес Клиперс.

– Отсекогаш сум кажувал дека ми недостига народот во Мадрид. Тоа е вистината. Соиграчите, физиотерапевтите, тренерите, сите вработени на клубот … Тие беа одлични во односот кон мене, објасни европскиот шампион со Словенија и додаде дека кога ќе заврши со НБА, ќе биде среќен ако се врати во Реал Мадрид.

Во претходното интервју Лука призна дека би сакал да им помага на младите играчи во шпанската престолнина, кога ќе се приближи до крајот на кариерата.

Шампионот и МВП од последната сезона на Евролигата сподели уште дека повредата не е сериозна и се очекува да биде подготвен за следниот натпревар на Далас – против Портланд.

Би можело да ве интересира

Кармело Ентони се искачи на деветтото место на листата најдобри стрелци во НБА

Ана Ололовска

НБА ја објави листата со 76 свои легенди

Ана Ололовска

НБА објави партнерство со Формула 1, болидите обоени во боите на клубовите од лигата

Ана Ололовска

Браун нов рекордер во Селтикс

Ана Ололовска

НБА објави 25 од 75 најдобри кошаркари во историјата

Ана Ололовска

Харден: Не планирам да го напуштам Бруклин

Ана Ололовска