Крај на една ера: Барселона и Наваро се разделуваат

Од:

Легендарниот бек на Барселона и европската кошарка, Хуан Карлос Наваро, следната година нема да го носи дресот на каталонскиот клуб, објавија шпанските медиуми.

Наваро (38), кој е во Барселона од 1997 година, одамна веќе не ги покажува своите најдобри и гри, по кои стана познат во кошаркарската јавност.

Шпанецот на тоа ниво не е веќе многу години, а впечатокот е дека тој влијае лошо на клубот, бидејќи неговите минути не придонесуваат многу за Барса на теренот.

Според шпанските медиуми, Барселона, наводно, го информирала Наваро дека нема да смета на него за следната година.

Наваро играше за Барса од 1997 до 2007, потоа играше во НБА за Мемфис една година и се врати во Каталонија, каде што се уште е официјален играч.

Тој на два пати ја освои Евролигата со „блауграна“, во 2009 беше МВП на најелитното кошаркарско натпреварување, додека во 2010 година беше прогласен за МВП на финалето. Со Барса, тој беше шампион на Шпанија осум пати, а Кралскиот Куп го освои седум пати.

Би можело да ве интересира

Шпанија со проверени кошаркари гостува во Скопје

Ана Ололовска

Трета титула во низа за Реал во шпанскиот Суперкуп

Ана Ололовска

Џикиќ доби отказ во Естудијантес

Драган Поповски

Дончиќ: Ќе се вратам во Реал кога ќе завршам со НБА

Наум Локоски

Наваро го сруши рекордот на Епифанијо

Наум Локоски

Историска шампионска титула за кошаркарите на Валенсија

Наум Локоски