Шкендија загуби, но му пружи силен отпор на големиот Тотенхем

Од:

Последниот македонски претставник во фудбалските евро-купови за оваа сезона, тимот на Шкендија, вечерва загуби од Тотенхем со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во натпревар од третото коло од квалификациите за Лига Европа, Шкендија му пружи достоен отпор на големиот фаворит, а до дваесетина минути пред крајот имаше и нерешен резултат.

Тотенхем поведе преку Ерик Ламела во 5. минута, Валмир Нафиу изедначи во 55. минута, Хонг-Мин Сон му донесе повторно водство на англискиот великан во 70. минута, а Хари Кејн ги постави конечните 3:1 десет минути подоцна.

Сепак, тетовци не успеаја да ја минат претпоследна пречка пред баражот за групната фаза во второто по квалитет клупско фудбалско континентално натпреварување.

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока изрази задоволство од вечерашниот настап на неговиот тим против англискиот фудбалски великан Тотенхем. Гостите од Лондон победија со 3:1.

Одигравме добар натпревар, посебно во второто полувреме кога на моменти бевме подобри од големиот фаворит. Не е лесно да се игра со ривал како Тотенхем. Сепак, моите играчи добро се движеа, постигна и еден гол, а направивме и неколку изгледни позиции. И покрај поразот, јас сум задоволен од прикажаното на моите играчи и горд сум на нив, изјави Ѓока.

Шкандија го заврши настапот во евро-куповите со две победи на гостински терен и вечерашниот пораз во 3. квалификациско коло за групната фаза во Лига Европа.

Противник на Тотенхем во плејофот за учество во групите на ЛЕ ќе биде израелски Макаби Хаифа.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ